Вести Македонија Ударни вести

Христос Воскресна – Навистина Воскресна!

Сподели:

Денеска православните верници го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение.

Велигден – празник кога го чествуваме името Христово и се потсетуваме на неговата вековна порака. Ден на мирот, сплотеноста и љубовта.

Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

 

Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!

Сподели: