ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од -1 до 3 степени, а дневната температура од 5 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до -3 степени, а дневната температура до 11 степени.

Под влијание на влажен бран во петок ќе има пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Од вечерните часови услови за повремен снег ќе има и на повисоките места. Преку ноќта и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од недела дневните температури ќе бидат во пораст.