Алтернатива Настани

Хуманитарен предновогодишен базар на ЛАЈКА

Сподели:

 

ЈП Лајка ги поканува сите граѓани, активисти и љубители на кучиња на предновогодишна хуманитарна забава во кафе бар Младост (Дебар Маало) на 23.12.2022 (петок) од 19:00 до 00:30.

2022 година успешно ја одбележавме со многу интересни настани во кои заеднички се дружевме и уживавме, па сакаме да ја заокружиме со уште еден настан, последен за оваа година.
 
На овој настан ќе се дружиме со нашите шепасти пријатели, ќе има хуманитарен базар со новогодишни рачни изработки и ќе собираме донации за кучиња во ЈП Лајка. Потребни се ќебиња, тањирчиња, околувратници, поводници, играчки, универзални средства за чистење…

Секој граѓанин може да дојде со својот миленик. 

Сподели: