Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Сподели

 

Денеска од 10 до 14 часот, во Веро центар во Скопје ќе се одржи хуманитарен настан наменет за лицата со церебрална парализа насловен „Хуман Велигден за сите“.

Како што информираат организаторите, на овој настан ќе се изработуваат и продаваат уникатни фигури направени од чоколадо, за најмладите ќе има детска велигденска работилница за креативни изработки, а посетителите ќе уживаат во богата музичка програма, танчерски настапи и во други бројни изненадувања наменети за сите возрасти.

 

Собраните средства од хуманитарниот настан ќе бидат наменети за опремување на центарот за лицата со церебрална парализа од здружението „Соѕвездие“. Посетителите имаат можност заеднички да придонесат за да им го разубават претстојниот празничен период на лицата со церебрална парализа, но и да им помогнат во создавање подобри услови за извршување на нивните секојдневни активности. Целта на настанот е да се споделува љубов, емпатија и меѓусебно помагање и да се испрати порака дека хуманоста не познава граници.