Хуманитарна акција: Од Преспа За Преспа

Сподели

 

Преспа отсекогаш важела за место каде има најголем соживот, сите се знаеме и сите си помагаме. Да го докажеме и покажеме тоа уште еднаш. Пред нас се Новогодишните и Божиќните празници, а Божиќ е повод за дарување.

Ве повикувам сите Преспани да ни се приклучите, заедно да покажиме хуманост кон нашите комшии, пријатели и роднини. Заедно, да собериме средства, да купиме храна, пакетчиња и по некоја играчка за нашите сожители. Нека оваа иницијатива ве испирира и заедно ги израдуваме оние на кои им е најмногу потребно, да стоплиме неколку срца. Од нас за нас. Од Преспа за Преспа.

Сите заинтересирани да донираат нека не контактираат во порака на ФБ или Инстаграм или на емаил: info@spiritofprespa.com

#одпреспазапреспа #odprespazaprespa #fromprespatoprespa