Хуманитарна продажна изложба „Од нас за вас“ во Канцеларијата на претседателот МладиХаб

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски заедно со сопругата Елизабета Ѓоргиевска денеска во Канцеларијата на претседателот МладиХаб присуствуваа на хуманитарната продажна изложба „Од нас за вас“.

 

 

Изложени се ракотворби од глина и други материјали изработени од учениците од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје.

На изложбата, што е резултат на едукативните работилници организирани за овие ученици од Центарот за музејска едукација при Музејот на Република Северна Македонија, учениците се претставија со изведба на неколку музички нумери.

 

 

Изложбата ќе биде отворена во канцеларијата на претседателот МладиХаб од 28 до 31 декември 2021 година и посетителите ќе може да ги купат изложените предмети со што ќе им помогнат на овие ученици да продолжат со реализација на нивните идни активности.