И Јанушев се откажа од патни трошоци како пратеник

Сподели

 

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, објави дека нема да бара средства за патни трошоци како пратеник во македонското Собрание. Претходно на ваков чекор се одлучија и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, и неговиот партиски лидер Зоран Заев.

„Лично како пратеник нема да користам патни трошоци, ама морам да искоментирам во однос на тоа од СДСМ, џабе откажување од патни трошоци кога ја покрадовте државата и народот“, напиша Јанушев на Фејсбук.