И официјално го имаме трансферот на летото – Заврши сагата околу трансферот на Левандовски!

Сподели

Конечно заврши сагата околу трансферот на Роберт Левандовски во Барселона!

Полскиот напаѓач по осум години го напушта Баерн и преминува во редовите на Каталонците каде што беше голема желба на тренерот Чави Ернандез.

Според најпознатиот фудбалски инсајдер за трансфери, италијанскиот новинар Фабрицио Романо, Баерн конечно се согласил да го продаде својот напаѓач-убиец за 50 милиони евра, со дополнителни клаузули.

Понудата испратена од Барса е прифатена, додека Левандовски веќе постигнал договор со Барса околу личните услови и договори.

Целиот трансфер беше посредуван од еден од најмоќните фудбалски агенти, Пини Захави, кој беше назначен како „клучен играч“ за реализација на овој трансфер.

Сега само ја чекаме официјалната потврда од клубовите, која се очекува наскоро.

Барселона во овој преоден рок веќе ги доведе Франк Кеси од Милан и Андреас Кристенсен од Челзи како слободни играчи, како и Бразилецот Рафиња од Лидс кого го платија 58 милиони евра, па Левандовски ќе биде четвртото засилување, и секако најгласно.

Исто така, Барса го продолжи договорот со Усман Дембеле, па следната сезона со ваков напад ќе бидат страв и трепет за сите одбрани.

Левандовски беше најдобар стрелец во Европа минатата сезона, постигнувајќи 50 гола на 46 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, а имаше и седум асистенции.

The post И официјално го имаме трансферот на летото – Заврши сагата околу трансферот на Левандовски! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico