ИДА ПРОТУЃЕР – Ставрески ќе го паметам како исклучително интелигентен, но многу лош човек

Сподели

Ставрески ќе го паметам како исклучително интелигентен, но многу лош човек. Во 2009 г, тој како вицепремиер, а Трајко Славески како министер беа во Вашингтон на ММФ/Светска банка годишно собрание. Јас и Анета Додевска бевме исто таму на покана на финансии, една колешка од Сител на покана на Ставрески. Иако сите известувавме од ист настан, ја викна во посебна зграда колешката од Сител за да јави екслузивно за неговите активности, што беше многу лош гест, демек ние сме да известуваме само за Славески?!?

ida protuger

По некоја година повторно се најдовме во Вашингтон, јас единствен новинар на покана на ММФ, тој веќе министер за финансии. Алфа тогаш не беше во рацете на ДПМНЕ и тој ја игнорираше телевизијата, не даваше веќе изјави, не гостуваше (иако ми беше гостин во втората емисија, година дена претходно). Инаку негов колега исто министер беше искрен и на покана да дојде во емисија ми кажа дека добиле забрана да доаѓаат веќе во Алфа.

Така што знаев дека имаат забрана, но професионално беше да побарам изјава. Ставрески ми закажа средба во ММФ, но наместо изјава, почна да ме вреѓа дека непрофесионално сум известувала за кредитот што го потрошија за избори, дека ММФ немале против тоа, а јас сум лажела (инаку неколку месеци потоа ММФ ја прекина кредитната линија). Прво се збунив и почнав да му објаснувам дека не еден извор, туку три сум користела, а он се дереше дека он бил официјален извор, сум немала почит за министерот на мојата земја. Тогаш сфатив дека прави инцидент и му реков дека непотребно прави перформанс пред неговите вработени (беше со две колешки), дека можеше да ми пише дека не дава изјава да не ми го губи времето на што збесна и ми рече да си одам.

Му реков дека не сум кај него дома па да си дозволи да ме брка, ми се приближи телохранителот и Ставрески му рече “Кире јас ќе средам”. Големиот маж. Ни претходно, ни потоа никој ме нема така навредено и затоа го памтам тој инцидент. Од тогаш неговото министерство не ми одговори на ниту едно прашање. Тоа беше тој, тоа што го слушавме во бомбите како вика “сакам да му го загорчам животот”. Слични непријатности имаа и други мои колеги кои не му беа медиумски слуги. Сепак, без оглед на личните непријатности, жал ми е што тој лично својата интелигенција и вештини не ги искористи да и помогне на Македонија и воедно за кариера со која самиот би се гордеел, туку одбра да си го користи умот да му помогне на кумашинот во криминално разнебитување на земјата.

Да, успеваше да обезбеди раст со зголемување на јавното трошење, но раст кој не носи развој затоа што парите “ги затвори” во зданија кои се споменици на едно лудило, а не во корист на граѓаните. ДПМНЕ уште во втората година од своето владеење ја напушти сопствената програма (а на сите звона звона за партиски програми). Во нивната прва програма пишуваше дека приоритет ќе им биде намалување на јавната потрошувачка во однос на БДП и мала и ефикасна администрација. Во наредната проширена и обновена тоа веќе го немаше. Се дадоа на друга “агенда”.

Ставрески ги пропушти сите шанси да и помогне на Македонија и да си обезбеди светло место, туку одлучи да се стави на раполагање на кумашинот и да му обезбеди пари за трошење кое е на пат да се докаже дека било невидено криминално богатење. Со своето знаење и интелигенција можеше да биде најдобар министер за финансии. Но ќе остане запаметен како највешт манипулант со јавните пари. Најдобрите години си ги потроши да помогне да се украдат милиони, можеби и милијарди. Да се слика и да го велича Субрата Рој. Не е баш кариера за гордеење. Башка самиот бил свесен за тоа како што чувме во бомбите. Затоа, оставката е негов спас, иако му посакувам здравје, но ако има правда, треба да си одговара како и сите останати затоа што сето тоа што и го направија на земјата беше со “здружени сили” во кои Ставрески ја одигра можеби клучната улога. За крај, едно видео од новогодишните забавни прилози за бизнис фаците што ја одбележале тековната година, каде токму е документиран неговиот однос кон новинарите кои не му беа медиумски слуги. Бидејќи имаше и има прилично “економски неписмени” новинари кои ги обожава .

Ида Протогер
фејсбук статус