Вести Македонија Ударни вести

Осуда за објава на видеото на пациентка со ковид, која има тешко психичко заболување

Сподели:

 

Клиниката за инфективни болести го осудува чинот на објавување видео на пациентка со ковид, која има тешко психичко заболување.

Во време на пандемијата, Клиниката лекува секакви пациенти, со коморбидитети, комбинирани хронични заболувања, пациенти со психички растројства. Секој пациент кој требало да се хоспитализира не е вратен и ја добил соодветната нега.

КИБФС заштитувајќи ги правата на пациентите, во конкретниот случај нема да сподели детални податоци во врска со нејзината хронична болест. Таа во моментов се чуствува добро, излекувана е од вирусот и за околу два дена ќе биде пуштена дома.

Од Клиникатата за инфективни болести апелираат медиумите да ги почитуваат правата на пациентите, да известуваат професионално и непристрасно, а од состојбата на пациентите да не прават сензации, информираат. 

Сподели: