ИЈЗ отстрани 10 тони опасен хемиски отпад

Сподели:

Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повеќе од една деценија биле складирани околу 10 тони опасен хемиски отпад, кој претставувал сериозен ризик за здравјето на луѓето и за безбедноста, информираше денеска на прес-конференција директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.

Станува збор за исцедоци од лабораториски анализи, хемикалии од различен вид и во различна агрегатна состојба.

Отпадот во моментов е безбедно дислоциран и се подготвува за извоз надвор од државата каде што ќе биде согорен во специјални печки.

Засега сѐ уште не се знае каде отпадот од ИЈЗ ќе биде извезен и согорен.

Сподели: