Вести Изјави Македонија Ударни вести

Филипче: Дополнителни 100 кревети ќе се обезбедат во приватните болници

Сподели:

 

Во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, со план за дополнителни 100 кревети на Клиниката за уво, нос и грло, и на хируршките клиники. Дополнителни 100 кревети ќе се обезбедат и од страна на приватните болници, соопшти министерот Филипче.

 

 

На работниот состанок со колегите од хируршките клиники и ковид центрите на интерните клиники разговаравме за реализација на новиот ковид оддел во склоп на ТОАРИЛУЦ. Тој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација, дополни министерот.

denesmagazin.mk

Сподели: