Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Интензивни разговори за името почнуваат идната недела

Сподели:

Од идната недела почнува сериозен преговарачки процес за надминување на разликите во спорот за името. Најавена е нова средба на министерско ниво во рамките на процесот за преговори под посредништво на медијаторот Метју Нимиц. Засега се уште нема попрецизни податоци за датумот и местото каде ќе се сретнат шефовите на дипломатиите на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, освен дека средбата ќе биде на европско тло.

Од Владата велат дека средбата транспарентно ќе биде најавена кога ќе се договарат деталите. Според дипломатски извори, не е исклучена и можноста двајцата министри да се сретнат на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија – Гимних 2018, кој се одржува на 15 и 16 февруари во Софија.

Сподели: