Алтернатива Настани

Визионирај трибина: Сеништа и соништа – МКЦ

Сподели:

На 10. февруари ќе се одржи втората трибина „Сеништа и соништа“ од 13:00 часот во Кино Фросина – МКЦ.

Со шест нови говорители кои ќе споделат интересни визии како можни верзии на животот:
1. Андријана Папиќ Манчева – „Можеме ли без ѓубре“?
2. Николина Атанасова – „Воведување на телевизиски канал за развој на медиумска едукација“
3. М-р Наташа Вчкова – „Заштита на урбаните празнини преку реадаптација на напуштени индустриски објекти“
4. М-р Љубица Шопова – „Концепти за алтернативни книжарници/библиотеки – општествено корисни можности и перспективи“
5. Мухамед Ајваз – „Ромите – внатре или надвор од општествените шини“
6. М-р Лазар Поп Иванов – „Загадувањето на воздухот како прашање од национална безбедност“

Влезот е слободен!

Дојдете да споделуваме визии за подобри животни верзии!

#Визионирај

Сподели: