Интерактивна програма во пресрет на Светскиот ден на животните во Кисела Вода со ЈП Лајка

Сподели:

Во сабота, на 3 октомври, во паркот „Македонија“, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“, во организација на ЈП Лајка и Општина Кисела Вода, во пресрет на Светскиот ден на животните, од 11 часот, организирана е интерактивна програма со стручни совети од ветеринар, практични демонстрации и консултации со професионални грумери, како и презентации на храна и опрема за миленици.

Во 19 часот, пред киното „Киноверзум“, вечерта продолжува со проекција на отворено на филмот „Приказната за Силјан“.

“Благодарение на Кино Балкан – дистрибуција, кое овозможи бесплатно прикажување на филмот, сите заедно ќе можеме да уживаме во оваа посебна кино-вечер под отворено небо.

Со нас ќе бидат и дел од кучињата од Лајка, а своето прво појавување во јавност ќе го имаат и најмалите жители на прифатилиштето – кученцата од „Лајка јасли“. Ќе можете да одберете едно од нив да ви биде партнер за гледање на филмот, дружење и, секако, многу галење. Можеби токму таа вечер ќе започне и една нова приказна – приказна за пријателство, љубов, а можеби и иден дом. Доколку сте заинтересирани да го гледате филмот во друштво на куче од Лајка, пишете ни порака.

Земете си нешто удобно за седење, понесете грицки за вашиот четириножен партнер и дојдете да уживаме заедно. Добредојдени сте да дојдете и во друштво на вашите миленици. Ве очекуваме на сабота исполнета со дружење, убава атмосфера и грижа за животните,” велат организаторите.

Сподели: