Интерпретациска работилница на ХАЕМУС: “Виното – наследството што го пиеме”

Сподели

 

Обуката за интерпретација на „Виното – наследството што го пиеме“ или „Која е Вашата приказна што ја живеете“ е во организција на ХАЕМУС и ќе се одвива на 13 мај во „Музејот на виното“ во Демир Капија. Обуката ќе је води Дубравко Фијачко (Хрватска), сертифициран тренер за интерпретација со акредитација здобиена преку Interpret Europe. Работилницата е дел од проектот на ХАЕМУС „Гастрономијата како културен идентитет“ поддржан преку програмата i-Portunus houses.
 
ХАЕМУС организира еднодневна едукативна работилница, за толкување на виното и винските производи како наследство кое е од голема вредност за одржлививиот развој на културниот и природниот туризам!
 
Откријте како можете да го подобрите вашето знаење и вештините на креативна визуелизација и комуникација од областа на толкувањето на наследството и винската клултура и да создадете културно-туристички производи кои преку личното доживување на самите гости ќе придонесат за одржлив развој на нашите локални заедници! Кога дестинацијата е силна, значи дека и вие сте посилни!
 
Оваа интерпретациска работилница ги поддржува сите оние кои сакаат да ги подобрат, да внесат разновидност или да додадат вредност на нивните вински производи и услуги, користејќи го природното и културното наследство и притоа да создадат „искуства од прва рака“ важни за посетителите. Учесниците ќе имаат можност преку голем број интерактивни и креативни вежби да имплементираат идеи за примена на нови туристички производи, да ги подобрат постоечките услуги и да ги промовираат своите производи во ново светло.
 
Работилницата е наменета за оние кои сакаат да го прошират кругот на своите посетители со нов, креативен и ефикасен пристап, а со тоа и да ги зголемат продажните канали, како и за оние кои професионално се занимаваат со одреден бизнис којшто во голема мера го допира природното или културното наследство, но пред сѐ е фокусиран на локалното вино и гастрономијата. Претходно искуство во толкување на наследството не е неопходно, но поради спецификата на тренингот кој предвидува голем број интерактивни креативни вежби за визуелизација на виното како културно наследството, бројот на учесниците е ограничен.
 
По завршување на работилницата следи факултативна посета за ручек во една од локалните винариии.
Доколку сте заинтересирани за учество во оваа обука, најавете се на следниот мејл: contact@haemus.org.mk
Како прилог на пријавата ќе ја добиете и официјалната брошура.