Интервју кое ќе го потресе регионот – Легендарниот Бодирога кажа што мисли за АБА лигата!

Сподели

Легендарниот кошаркар Дејан Бодирога без влакна на јазикот проговори за моменталната ситуација во АБА лигата.

фото: Starsport

Во опширното интервју што го даде за хрватски „Индекс“, Бодирога зборуваше за својата блескава кариера, но и за случувањата во европската и регионалната кошарка.

Бодирога го откри својот став за АБА лигата:

„Јас имам мое мислење за АБА лигата од самиот почеток и мислам дека тоа не е добра работа за регионот. Кога сте шампион на АБА лигата, за што всушност сте шампион? државен шампион. АБА лигата е вештачка работа. замислена како некаква поранешна југословенска лига која отсекогаш била меѓу најсилните во Европа, но никогаш не го даде резултатот што требаше да го даде“, вели прославениот ас и додава:

„Зборувам за создавање млади играчи во клубовите и давање шанса на тие деца, што отсекогаш било главниот адут на клубовите од овие простори. АБА лигата се претвори во толпа од странци, нема јасна визија кај некои проекти“.

Бодирога посочува дека со регионалната лига раководат менаџери.

,,АБА лигата е практично во рацете на агенти кои ја користат како платформа за пласман на своите играчи во Европа или НБА лигата. Клубовите го изгубија идентитетот и немаат стратегија. Пред неколку години реков дека е многу поважно секоја земја да има своја лига отколку играње во АБА лигата и денес стојам зад тоа“.

The post Интервју кое ќе го потресе регионот – Легендарниот Бодирога кажа што мисли за АБА лигата! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico