Интервју со обвинителот Јовески: Никој што сторил кривично дело нема да биде поштеден

Сподели

 

-“Никој што сторил кривично дело нема да биде поштеден, порачува републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески во интервју за „Независен весник“. Тој открива некои детали за истрагата за најновиот случај „Рекет“, за сметките на бизнисменот сведок и за проширувањето на истрагата. Освен за истрагата, Јовески зборува и за тоа како треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство и го предлага истото што го предложи премиерот Зоран Заев во новиот предлог-закон за јавно обвинителство кој идната недела ќе влезе во Собрание. Тој ја уверува јавноста дека доколку предметите на СЈО се дадат во надлежност на Јавното обвинителство, ќе се гонат сите сторители за кои ќе се најдат докази.”

 

По отворањето на новата истрага за рекетот што го изнудувал сопственикот на телевизијата 1ТВ, главното прашање на јавноста е дали истрагата ќе биде проширена? Дали ќе опфати пратеници и обвинители, или можеби некои други личности?

-Да, истрагата ќе се прошири за сите инволвирани лица во конкретниот случај, како и за други кривични дела доколку во неа се дојде до такви докази. Во овој момент не може да се каже дали ќе бидат опфатени пратеници, обвинители или други личности. Постапуваме неселективно и делото ќе го истражиме и расветлиме целосно и сеопфатно. Никој што сторил кривично дело нема да биде поштеден.

Интервјуто на “Независен весник” со обвинителот Јовески, во целост прочитајте го тука