Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во Општина Центар

Сподели:

Средствата предвидени за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик се целосно искористени, информираат од Општина Центар.

Поради тоа, Јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен, а по објавувањето на ова известување во Архивата на Општина Центар нема да се примаат нови барања.

До моментот на завршувањето на повикот се доставени над 1.300 барања.

За оваа намена од Буџетот на Општина Центар за 2026 година беа издвоени 7 милиони денари, а помошта беше удвоена – од минатогодишните 2.500 на 5.000 денари. Со тоа се исполни ветувањето за посилна поддршка на повозрасните сограѓани кои најмногу ја чувствуваат тежината на животните трошоци.

Општина Центар им благодари на сите граѓани кои се јавија на повикот.

Сподели: