Значајни средби на директорот на македонската финансиска полиција во САД

Сподели:

На завршниот дел на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови во Орландо, Флорида, директорот Ивановски оствари средби со директорот на ICITAP- Грегори Дукот, помошник-директорот на ICITAP- Стив Филдс, како и со високата претставничка на Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законот (INL) при Стејт демартментот на САД, Лесли Зиман.

Овој настан претставува исклучителна можност за размена на искуства, споделување добри практики и унапредување на меѓународната соработка во полето на откривање и справување со финансискиот криминал и борба против корупцијата.

Конструктивните дискусии и сесии со претставници на меѓународните безбедносни структури, споделување искуства со релевантни институции и средби со еминентни професионалци во оваа област, претставуваат важна потврда на партнерството, институционалната посветеност и заедничко делување во насока на остварување на стратешките цели на Управата.

Во рамки на свеченатa церемонија, на т.н. Годишен банкет на IACP 2026, беше избран и новиот претседател на Меѓународната асоцијација на полициски шефови во САД, началник Вил Џонсон, како и новите членови на Извршниот одбор. Конференцијата заврши со пригодна прослава, посветена на заслужни признанија и лидерство.

Поддршката од страна на САД и ICITAP, во процесот на дигитализација на оперативните истраги и координирани заеднички акции се од особен интерес и значење за Управата за финансиска полиција.

Директорот на институцијата, останува посветен на примена на стекнатите знаења и искуства, за унапредување на ефикасноста и квалитетот во работењето.

Сподели: