Вести Свет Топ теми

Италија: Под засилени безбедносни мерки започна Самитот Г7

Сподели:

Во италијанскиот град Таормина, на Сицилија, започна дводневниот Самит Г7, неформален форум за глобалните прашања на кој учествуваат челниците на САД, Канада, Франција, Велика Британија, Германија, Италија и Јапонија, јавува Anadolu Agency (AA).

Првиот ден на самитот започна со заедничко фотографирање и свеченост во светски познатиот антички театар. Претходно, домаќинот на настанот, италијанскиот премиер Паоло Џентилони ги пречека гостите. Последен дојде американскиот претседател Доналд Трамп.

„Знаеме дека нема да биде лесно, но од Г7 сакаме резултати. Духот на Таормина може да ни помогне во пронаоѓањето на вистинскиот пат”, порача Џентилони пред самитот.

Како што изјави тој, денес во Таормина ќе даде мошне важна изјава.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека ова без сомнение е најтешкиот самит и дека ЕУ ќе стори сѐ за да дојде до договор.

Лидерите на Г7 на првото заседание ќе зборуваат за надворешната политика и за безбедносните проблрми. Се очекува за време на самитот да разговараат за тестирањата на балистички ракети во последно време, настаните на Блискиот Исток, мигрантската криза, како и за руските активности во Сирија и во Украина.

Лидерите на последниот состанок од првиот ден ќе разговараат за темите коишто се однесуваат на светската економија и на прашањата за одржлив раст.

Лидерите на Г7 ќе присуствуваат и на вечерата чиј домаќин е италијанскиот претседател Серџо Матарела. Самитот ќе заврши утре.

Центарот на Таормина, каде што се одржува првиот ден на самитот, целосно е затворен за сообраќај. Засилени мерки за безбедност можат да се забележат на сите улици.

Сподели: