Италијанскиот гувернер најави државна помош за банките

Сподели

Ignazio-Visko

Гувернерот на Централната банка на Италија, Игнацио Виско изјави дека не ја отфрла можноста за државна интервенција во случај на проблеми со одредени банки.

Во Италија постои се поголема загриженост дека банкарскиот сектор кој е оптоварен со ненаплатени кредити во износ од 360 милијарди евра, може да предзвика банкарска криза.

Италијанскиот министер за финансии Пјер Карло Падоан изјави дека државата продолжува дa ги истражува сите можни начини за да дозволи државна интервенција во согласност со прописите за државни субвенции, а со цел заштита на заштедите.

meta.mk