Павле Богоевски: ВМРО ДПМНЕ пак ќе го блокира договорот, СДСМ треба да остане блиску до граѓаните!

Сподели

13466211_10209122210513563_440198384583372062_n1-670x447

Повеќе од очигледно е дека се додека луѓето кои сториле тешки кривични дела поврзани со изборни измами се уште учествуваат во политичките процеси и се на слобода, не може да бидеме сигурни во изборниот процес. Но поентата на договореното е да ја ограничи можноста на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ уште еднаш да ги украдат изборите и правото на избор на граѓаните на оваа држава. На крајот, дали ќе имаме навистина фер, слободни и демократски избори зависи само од нас и од никој друг”- вели за Фактор, Павле Богоевски,еден од најгласните активисти на Шарената револуција. Според него нема сомнеж дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите средства за да го блокира процесот, бидејќи како што вели ним не им одговараат избори, ниту оваа, ниту наредната година. Оттука, граѓанското обединување и заедништво, шарената посветеност кон заедничката цел ќе биде ставена пред најтешкиот тест.

“Без разлика што ќе договорат четирите најголеми партии, без разлика што ќе каже меѓународната заедница, сите сложно мора да им кажеме на криминалците дека повеќе не се плашиме и дека нема да им дозволиме да продолжат да ја држат нашата држава и иднина во заложништво. Во спротивно, не можеме да говориме ниту за слободни граѓани, а не пак за слободни избори. Четирите најголеми политички партии повторно се договорија зад затворени врати и поради тоа, широката јавност повторно нема целосна доверба во процесот. Затоа, до 31-ви Август, од клучно значење е сите четири парти, а посебно СДСМ да се посветат на зајакнување на довербата на граѓаните во преговорите и во нивните напори да се создадат услови за вистински фер, слободни и демократски избори”- вели Богоевски.

При спроведувањето на кои било реформи, според него од клучно значење е тоа да не биде направено на брз и површен начин. Поради тоа, смета дека избори треба да има што е можно поскоро, но истовремено мора да бидат исполнети и условите кои ќе ги гарантираат минималните демократски стандарди.

“Истовремено, факт е дека не можат да се спроведат ниту едни суштински реформи се додека ова злосторничко здружение се уште управува со државата. Избори треба да има што е можно поскоро, но истовремено мора да бидат исполнети и условите кои ќе ги гарантираат минималните демократски стандарди.Не можам да говорам во име на Шарената Револуција, но сметам дека моменталното незадоволство кај дел од општата јавност ќе придонесе кон зајакнување на демократичноста на нашата револуција, ќе ги упати критиките на вистинското место и ќе придонесе сите да научиме од претходните искуства и грешки. Шарената Револуција и граѓанското општество во целина, мора будно да ја следи имплементацијата и да ги искористи сите механизми на ненасилно изразување на греаѓанскиот револт кои им стојат на располагање, за да ги спречи ДПМНЕ и ДУИ уште еднаш да ги блокираат сите обиди за институционално и ненасилно надминување на оваа криза”-додава Богоевски.

Повеќе на Фактор.