Заплашување на гласачи и нетранспарентност на ДИК констатираше ОБСЕ во извештајот

Сподели

obse

Заплашување на гласачи, нетранспарентно работење на ДИК, комплексен процес на ажурирање на избирачкиот список и неизбалансирано известување на дел од медимите е забележано во финалниотизвештај на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за одложените избори за 5 јуни.

Во извештајот се вели дека „иако биле преземени мерки да се спречат заплашувања и притисоци врз гласачите, многу од соговорниците на мисијата изразувале страв.“

– Некои од нив тоа го припишуваа на страв од одмазда што постои во државните компании и институции. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР прими кредибилни тврдења за притисок врз вработените во јавниот сектор да присуствуваат на контра-демонтстрации, вклучувајќи закани за отказ. Ова покрена прашања околу правото на гласачите слободно да го дадат својот глас без страв од одмазда – се вели во извештајот.

Во однос на работата на Државната изборна комисија (ДИК) се наведува дека, оваа институција работела во многу тензична атмосфера.

– ДИК успеа да ги исполни административните крајни рокови и одржуваше редовни состаноци. И покрај правната обврска состаноците да бидат јавни, ДИК редовно одржуваше работни сесии затворени за јавноста – се додава во извештајот.

Според ОБСЕ/ОДИХР процесот на ажурирање на избирачкиот список се покажал како комплексен процес, методолошки предизвикувачки што бара многу ресурси.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР почна со работа на 31 март, а прекина на 1 јуни по одложувањето на изборите на 5 јуни.

meta.mk