Иванишевиќ и Чилиќ ја прекинаа соработката…

Сподели

Најдобриот хрватски тенисер Марин Чилиќ ја прекина соработката со својот тренер Горан Иванишевиќ.

чилиќ-иванишевиќ

Чилиќ и Иванишевиќ соработуваа од 2013 година, а во меѓувреме стигнаа до трофејот на гренслем турнирот во Њујорк. Чилиќ во 2014 година го победи во финалето Кеи Нишикори.

Наредната година Чилиќ играше во полуфиналето на УС Опен, а во периодот на соработката со Иванишевиќ три пати играше четвртфинале на Вимблдон.

„Повеќе не соработувам со својот тренер Горан Иванишевиќ. Имавме многу успеси. За мене беше чест и привилегија да се работи со Горан, уживав во нашата соработка.

,,Горан ми помогна да остварам некои од моите цели“, напишал Чилиќ на социјалните мрежи.

Марин Чилиќ во моментов се наоѓа на 12-то место на АТП листата, а најдобариот пласман го оставри по освојувањето на УС Опен, кога беше осми на АТП листата.

чилиќ-иванишевиќ1

Оваа година сеуште нема освоени ниту една титула, играше две финалиња во Марсеј и Женева но не успеа да стигне до титулите.

Чилиќ играше на Роџерс купот во Торонто, следни се Олимписките игри во Рио, а потоа и настапот на УС Опен.

The post Иванишевиќ и Чилиќ ја прекинаа соработката… appeared first on Спорти.


Source: Sporty