Иванов: Го повикувам Заев веднаш да покрене импичмент, останувам на ставот за договорт

Сподели

Го повикувам Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент, се вели во реакцијата на кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов на како што велат „сите изнесени невистини и закани од страна на премиерот, Зоран Заев, во емисијата „Само Вистина“ на телевизија „Канал 5“.

„Мојот став во однос на штетниот договор за името е конечен и останува непроменет и покрај сите искажани закани и притисоци“, се додава во соопштението од кабинетот на Иванов.