Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Изградбата на Универзална сала ја презема Министерство за култура

Сподели:

 

Денес на заедничка средба во градот Скопје помеѓу градоначалничката Данела Арсовска, министерот за локална самоуправа г-дин Ристо Пенов и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, донесен е заеднички заклучок дека изградбата на Универзалната Сала во Скопје е од исклучителен интерес за скопјани, но и за цела Македонија.

Договорено е во следните денови се изнајде заедничко прифатливо решение за да продолжи изградбата во интерес на граѓаните и за истото ќе се обрати министерството со писмено барање за што Градот ќе се изјасни откако ќе се добие официјалното барање.

Универзалната сала е симбол на Скопје и споменик на културата, и за нејзино возобновување е потребно издржано и заедничко решение кое истовремено ќе биде и безбедно. 

Сподели: