European Eye Hospital: Никогаш не сме оштетиле пациенти, ниту од здравствен, ниту од морален или финансиски аспект

Сподели:

Во текот на денешниот ден, на интернет-порталите беа распространети многу невистини поврзани со нашата здравствена установа, European Eye Hospital во Скопје.

Преку ова соопштение сакаме да ги информираме сите наши пациенти, соработници и пошироката јавност дека, со континуирани напори, ќе направиме сè што е во наша моќ вистината да излезе на виделина. Истовремено, ги уверуваме институциите дека сме подготвени за соработка, како и секогаш досега.

Нашата установа никогаш не оштетила ниту еден пациент, ниту од здравствен, ниту од морален или финансиски аспект. Напротив, и по повеќе од една година без поддршка од ФЗО, успеавме да го зачуваме квалитетот, хуманоста и пристапноста на цените на офталмолошките интервенции за сите.

Јавно ги повикуваме сите портали: оставете ги институциите да ја вршат својата работа. Покажете професионализам и почит кон законите, интегритетот и достоинството на сите, се наведува во денешното соопштение на European Eye Hospital – Очна болница.

Сподели: