ИЗЈАВИ: Љуљзим Баша – Нема да учествуваме на избори бидејќи во Парламентот седат полтичари кои седеле во европските затвори поради трговија со наркотици, жени, оружје, проституција и убиства!

Сподели

“-Во парламентот, во градоначалничките фотелји, на позициите раководители на јавните институции седат луѓе кои никогаш не биле во политиката. Она што им е заедничко е што сите седеле во европските затвори поради трговија со наркотици, жени, оружје, проституција и убиства. Околу 95 отсто од тие луѓе со криминално минато седат во парламентот, а 70 од градоначалниците се католици од северот на Албанија.“

„-Минатата година целата земја беше претворена во плантажа на канабис. Преку таа дрога криминалците сега држат стотици милиони евра во своите раце, повеќе отколку што полицијата и војската имаат на располагање“, вели лидерот на албанската опозиција.

„-Нема да учествуваме на закажаните избори бидејќи Албанците поради криминалот и наркобосовите не се во можност слободно да гласаат.“

Љуљзим Баша, лидер на Демократската партија на Албанија