ИЗЈАВИ: ДИМЕ СПАСОВ- На 11. декември ќе славиме голема победа со над 63 пратеници!

Сподели

spasov

-“На 11 декември граѓаните на Република Македонија победата ќе ја донесат за ВМРО-ДПМНЕ и ќе славиме една голема победа со над 63 освоени пратеници. Граѓаните ги препознаваат нашите дела и ги знаат стотиците реализирани проекти кои изминатите 10 години влијаеја значително да се подобри квалитетот на нивниот живот во секој сегмент. Граѓаните знаат дека макотрпно се боревме за да ја намалиме невработеноста во нашата држава и да отвориме голем број на работни места. За споредба, ако земеме само во Град Скопје во 2006 година имаше околу 170.000 вработени лица, додека денес бројот на вработени изнесува над 238.000 граѓани, жители на Скопје што е нови 68.000 отворени работни места само на територијата на Град Скопје, рече Спасов. Ќе продолжиме да отвораме нови работни места и да работиме на позитивни проекти во секој сегмент од животот на граѓаните. Токму поради тоа на 11 декември ќе славиме една голема победа за сигурна иднина на Република Македонија, рече Спасов.”