Изјави

ИЗЈАВИ: ЕДМОНД АДЕМИ

Сподели:

Edmond-Ademi

ИЛИНДЕН

” -Пораките, кои се пратија на Илинден се една друга приказна. Имавме два вида на пораки, оние на техничкиот Премиер Димитриев, на т.н. Претседател на РМ Иванов и на лидерот на опозицијата Зоран Заев. Првите беа полни со омраза кон опозицијата и кон сите други граѓани кои поинаку размислуваат. Пораки кои обилуваа со поделби, крв, куршуми, предавници, и што уште не, и без еден збор да се споменат оние кои ја создадоа Првата Република-Крушевската. Втората, онаа на Зоран Заев која повика на изградба на Републиката, и лажната поделба која оваа власт 10 години ја наметнува како принцип на живеење.

“Не постојат два различни идеала, две различни револуции. И во 1903 и за време на Народно ослободителната борба, и во минатото и денес, постоел и постои само еден идеал, слободна Македонија во којашто достоинствено ќе живеат сите нејзини граѓани”, е пораката која ја дефинира иднината на Република Македонија. Ако во 1903 паролата беше ‘Слобода или Смрт’, денес во 2016, пораката е ‘И Слобода и Живот’, и токму овој идеал го најавува раѓањето на Четвртиот Илинден. Раѓањето на Четвртата Република.”

 

Сподели: