МЛАДИ ЗА СКОПЈЕ – МКЦ

Сподели

13925833_271088589931050_5332334475940956974_o

Што е Млади за Скопје?

Млади за Скопје е серијал на концерти коишто ќе се одвиваат секој месец во Младински Културен Центар во соработка на тимот одАлтернативно Скопје и МКЦ. На овие концерти ќе свири и вниманието ќе биде насочено само кон еден бенд.
Целта на овој проект е давање шанса за промоција на млади и неетаблирани бендови кои многу вредат но до сега немале шанса да ги слушне поширок аудиториум. Младите ќе имаат шанса да видат што е тоа квалитетна свирка, да ја поддржат локалната сцена, а и воопшто да имаат нивно место (катче) кај ќе се дружат еднаш месечно, а постарата публика ќе има шанса да увиди дека Скопје после нив полека не замира туку дека се прави нешто.
Поради недостигот од кул места за правење концерти (се затворија „Кастро“, старата „Ла Кања“ итн) МКЦ се издвојува како природно место за ширење култура и добро дружење.
Се надеваме дека многу млади луѓе присуствувајќи на концертите ќе посакаат и тие самите да оформат бенд, да се извежбаат добро и еден ден и самите да имаат свој концерт. Се надеваме дека постарите љубители на музика нема да гледаат со предрасуди кон новите бендови и дека максимално ќе ги поддржат. И се надеваме дека ќе направиме атмосфера сите бендови да се чувствуваат сигурни и да дадат се од себе. А за бендовите се надеваме дека ќе имаат шанса понатаму уште повеќе да се пробијат!
Се гледаме во септември!