ИЗЈАВИ: Ѓорѓе ИВАНОВ – Изборите ќе покажат зрелост кај граѓаните

Сподели

Денес кога се избира локалната власт, граѓаните може да ги изберат оние кои за време на изборните кампањи им понудиле дека ќе им го подобрат нивниот живот и услови за живот, бидејќи реалниот живот секој пат е на локално ниво и граѓаните очекуваат тие што ќе ги изберат да им го подобрат квалитетот на животот. Очекувам и овие избори како и сите досегашни, да покажат зрелост кај граѓаните и да покажат дека како одиме во секои избори, така напредуваме и ја збогатуваме демократијата и понудата за граѓаните.

Изјави, Ѓорѓе Иванов, Локални избори 2017