Изјави

ИЗЈАВИ: МЕРСЕЛ БИЉАЛИ-АКО ТРГНАТ КОН ПЕКОЛОТ САМИТЕ ЌЕ ИЗГОРАТ

Сподели:

Прогласот на Никола Груевски може да се каже дека е еден од најопасните потези во историјата на македонската држава. Калкулирајќи во паника, за да се спаси себеси и да остане чист пред своето членство, тој ги извади долгите ножеви кон меѓународната заедница, дипломатите, амбасадорите но и директно кон неговите неистомисленици во државава.

Што може да се очекува наредниов период на политичката сцена во Македонија по овие избори?

 

АКО ТРГНАТ КОН ПЕКОЛОТ САМИТЕ ЌЕ ИЗГОРАТ

-“Тоа е најава за некаков државен удар. Тој веќе е избезумен кога знае дека не може да прави влада дури како симболичен победник. Граѓаните гласаа за промени и тоа е видливо. Груевски сака со помош на Иванов да воведе вонредна состојба во државата, но за тоа нема никаква причина. Тоа е тешко кривично дело – уривање на уставниот поредок на државата со цел државен удар. Уставот е јасен дека претседателот на државата и` доверува мандат на победничката партија за формирање влада, која ако за 20 дена не може да состави влада, мандатот го добива второ рангираната партија. И тука секоја авантура на Иванов да направи нешто со умот на тешко ранетиот Груевски, сигурно ќе доведе до опасна граѓанска војна и распад на државата, а тој лично ќе сноси одговорност за тоа нешто. Дури и да се пристапи кон таа идеја, моите информации говорат дека тоа ќе беше најбрзиот начин за лична одговорност на двајцата. Што и де се случи, тоа е неизводливо, а понајмалку да се импровизира легитимитет на таква одлука. Претседателот на државата треба под итно да и излезе на пресрет на државата. Тој има обврска да се залага да ја спаси од уништувањето. Сега е моментот да потврди дека е на страната на правдата, граѓаните и државата.”

Сподели: