ИЗЈАВИ: ОЛИВЕР СПАСОВСКИ – Груевски и Иванов да не си играат со оган

Сподели

-Иванов не може да го спаси Груевски преку кршење на Уставот, а Груевски не може да се спаси од одговорност преку провоцирање насилство и создавање поделби помеѓу граѓаните.

– Граѓаните се длабоко загрижени. Домашната и меѓународната јавност испратија многу сериозни предупредувања. Груевски и Иванов да не си играат со оган и да не предизвикуваат атмосфера на омраза и конфликт во Македонија.