ИЗЈАВИ: ЗИЈАДИН СЕЛА – Ајде првин да гласаме за СЈО, па да одиме на нови избори

Сподели

-“Ние Албанците имаме израз: Како ќе се обратиш на планината, така ќе ти врати. Се кажуваше и за платформа и за суверенитет… Платформата постоеше и кога вие имавте мандат, сега само сакате да ја избегнете одговорноста. Јас не сум од политичарите кои на своите деца сакаат да им остават иднина на мито и на корупција. Затоа, вашиот предлог за предвремени избори го прифаќам. Но, дали сте сигурни дека вашиот претседател Иванов нема да ги игра истите игри со недавање мандат. Ајде да го разрешиме во парламентот. Нека бидат и локални и парламентарни избори истовремено, ама ајде првин да гласаме за СЈО со двотретинско мнозинство, за специјален суд, па да одиме на предвремени избори. Јас ќе гласам, прашајте го вашиот претседател и кажете. Јас знам дека не сте подготвени да гласате за СЈО, затоа зад сите тие големи зборови се крие стравот од одговорност пред законот.”

Изјави, Зијадин Села