„ART CODE“ изложба на Маја Ралева Миладиновски
Продажен ликовен салон,
25 ноември 2025, 20 часот
Самостојната изложба „Арт Код― на мр. Маја Ралева Миладиновски, претставува концептуално истражување на секојдневното кодирање што нè опкружува и нè дефинира како современи човечки суштества. Авторката ја анализира идејата за човекот како жив систем на податоци — како биолошка и дигитална структура што постојано се кодира и декодира. Во просторот се поставени јутани, минимални маици, секоја со апликации на луѓе, баркодови и визуелни интерпретации на генетски код. Овие дела висат поединечно во континуитет, формирајќи визуелна и симболичка мрежа. Просторот се претвора во тек на информации — како да се движиме низ низа ДНК низи или дигитални податоци што пулсираат во воздухот. Маица, како интимен и секојдневен предмет, станува метафора за човечкото тело како површина на означување, а јутата внесува материјалност и органска текстура во контраст со ладната точност на баркодот. Во тие контрасти се создава дијалог меѓу природното и вештачкото, индивидуалното и колективното, телесното и системското.
Вклучувањето на генетскиот код отвора подлабока релација меѓу уметноста и науката — уметникот не само што ги набљудува технолошките структури, туку и го истражува кодот како универзална форма на живот. „Арт Код― го прикажува човекот како биолошки и дигитален организам во исто време, а уметноста како медиум што може да го поврзе тој двоен свет.
Маја Ралева Миладиновски дипломирала на ФЛУ – Скопје Педагошки оддел насока вајарство во 2006. Магистрирала на Академијата за ликовни уметности во Нови Сад (Србија) во 2014. Реализирала 11 самостојни изложби во земјата и странство
Изложбата ќе биде отворена до 09.12.2025 година.


