Изложба и промоција на илустрираната поезија „Стражари на ноќта“

Сподели

 

Изложба и промоција на илустрираната поезија „Стражари на ноќта“! 1. ноември, Мала станица

Прошетка низ главата на уметникот! Оваа глава е многу тврдоглава и со неа нема разбирачка! Ќе видите наоколу, низ неа ќе може да се најде сè и сешто. Од стари мисли, до големи бариери, фрустрации, импулси на љубов, идеи и проекции од минатото и за иднината. На моменти можно е да биде мрачна и непријатна, но кога ќе прејдеме од другата страна со сигурност ќе си понесете нешто со себе.
 
 
Поезија: Марија Митева
Илустрации: Зоран Кардула, Владимир Мартиновски, Александар Стојчевски, Катерина Јовчевска, Филип Ивановски-Пепе, Филип Мартиновски и Ања Ангеловска.
 
Запомнете, ние ќе бидеме во главата на уметникот. Таму ништо не е реално и сѐ е вистинито.