Изложба „Камедонија“ на Илија Стефановски

Сподели:

Изложбата „Камедонија“ претставува поетичен дијалог меѓу природата и уметничката интерпретација. Преку внимателно собрани камчиња од бреговите на Охридското Езеро и нивно поставување врз авторски фотографски пејзажи, изложбата го истражува односот меѓу материјалното и имагинарното. Камчињата, со своите форми и природни траги, се претвораат во минијатурни светови кои ја продолжуваат приказната на езерото – неговата светлина, неговото движење и тивките трансформации што времето ги остава зад себе.

Изложбата може да се посети во КСП Центар Јадро од утре, 15 до 19 декември, секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот.

Автор на изложбата е Илија Стефановски (Скопје, 1950), кој по долга кариера во техничките науки се враќа кон својата младешка љубов – уметноста.

„Камедонија“ е неговата прва самостојна изложба, која нè повикува на забавување, набљудување и повторно поврзување со едноставната, но длабока убавина на Охридското Езеро.

Сподели: