Изложбата „Лица“ на Ангел Коруноски во во Мала станица, претставува сложена перцепција на човекот и на неговата присутност во создавањето на сликата на постоење и битисување во денешниот свет. Како комплексен приказ на лицето на времето прикажано преку портрети авторот си поставува задача што поверодостојно да ја прикаже состојбата на замолчените, анонимните и занемарените поединци, кои се движат низ сложеноста на глобализираниот и корумпиран свет. Целта на авторот е да се инспирира од човечкиот лик, кој во денешницата е занемарен или замолчен, дистанциран од креирањето на околината…

Изложбата е интимна, произнесена како пристап на реализација кон лично зададената тематика „лица“ како опсервација на микросветот на глобализацијата, проткаена низ интимниот поглед кон човековото лице како одраз на времето во кое постоиме…

Изложбата ќе биде достапна за јавноста заклучно со 31 јануари 2026 година.

Работиме секој ден во неделата, освен во понеделниците, од вторник до недела, 10-18 часот.
Влезницата чини 100 денари


