Изложба на астрофотографии „25 години Скопско Астрономско Друштво“ во Кинотека

Сподели

 

Изложбата на астрофотографии „25 години Скопско Астрономско Друштво“ ќе биде отворена на 25 декември во 19 часто во Кинотека.
 
Веќе четврт век, нашиот поглед е свртен кон небото. Го набљудуваме, истражуваме, учиме за него, едуцираме други луѓе и го фотографираме. Нашата најголема фасцинација ќе ја најдете преточена во фотографии од планетарни маглини каде се раѓаат ѕвезди, гигантски галаксии оддалечени милиони светлински години од нас, комети, метеорски дождови, Сонцето, Месечината и нашиот поширок дом – галаксијата Млечен Пат.
 
Со изложбата сакаме нашиот поглед и нашата фасцинација да ги споделиме со Вас.
Изложбата ќе можете да ја погледнете до 4 јануари 2024.
 
Влезот е слободен. Изложените фотографии ќе можат да се купат во големина која вам ви одговара.