Изложба на Хелидон Ѓерѓи – „(Х)ам(м)ам“ во Чифте амам

Сподели

 

На 1-ви август, во 18.00 часот, во објектот Чифте амам, Националната галерија на Македонија има прилика на јавноста да го претстави проектот (Х)ам(м)ам, на меѓународно, исклучително афирмираниот мултимедијален уметник Хелидон Ѓерѓи.

Хелидон Ѓерѓи (роден 1970 во Тирана, Албанија) е современ уметник кој се занимава со различни медиуми. Студирал на Академијата за уметности во Тирана. Со отворањето на границите на Албанија во 1991 година, се преселил во Италија, каде што понатаму ги проучувал визуелните уметности и се стекнал со диплома од Академијата за ликовни уметности во Неапол, Италија. Во 1997 година, тој се преселил во Чикаго, каде што се усовршил во теорија и практика на уметноста на Универзитетот во Чикаго. Во моментов живее во Њујорк и предава на SUNY Old Westbury.

 

Во Чифте амам се претставува со сајт специфичен проект насловен во корелација со самата локација (Х)ам(х)ам. Терминот се однесува на самото место со аналогија делумно на историјата и традицијата на многу прекрасни амами од регионов кои биле места за социјализација на сите етнички заедници кои живееле во дадени држави, и важеле за едни од најслободоумните локации во секоја дадена култура. Овие места ја иницирале и мотивирале комуникацијата помеѓу различни класи, етникуми, религии. Од денешен аспект пак, Чифте амамот е современо место за комуникација, што значи ја продолжува својата примарна улога, и толку тој спој на нејзината главна функција низ вековите е клучниот детерминатор на идејата на Хелидон Ѓерѓи.

Проектот се состои од три дела, некои создадени конкретно за физичкиот простор на Чифте амам, а некои се поинаква просторно специфична реинтерпретација на досегашни инсталации и објекти.