Изложба на карикатури „2КАЦ“ од Григори Кац и Илја Кац

Сподели

 

Скопје не ги заборава еврејската култура и наследство. Одлична можност не само за скопјани туку и за сите посетители и туристи да го збогатат својот престој во градот.
 
Од 25 јули – 25 август во Свeтската галерија на карикатури и цртежи ОСТЕН, во центарот на Скопје, ќе биде поставена изложбата на карикатури „2КАЦ“ од таткото и синот Григори Кац и Илја Кац, сликари, илустратори и карикатуристи од Израел.
 
Концептот на изложбата „2Kац“ е двогледност – две визии на иста тема, два изрази на двајца уметници, еден постар и еден млад, татко и син. Нивните дела се претставени во тематски парови, давајќи секој пат драматичен конфликт на целината. Посетителите можат да се восхитуваат на делата преку „двогледни спектакли“.