Изложба на карикатури од Фестивалот за хумор и сатира „INVINICAVERITAS“

Сподели

Во Центарот за култура – Крива Паланка утре, 17 март (среда), со почеток во 12:00 часот ќе биде отворена изложба на карикатури од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира „IN VINICA VERITAS 2023“ што го организира Домот на културата „Тошо Арсов“ – Виница.

Годинашното издание е посветено на темата „Нештата стануват возможни“, а како и секоја година, конкурсот за карикатура традиционално предизвикува голема заинтересираност кај професионалните карикатуристи од целиот свет, што се потврдува со учеството на 224 автори од 46 држави со вкупно 622 карикатури.

Жирито е составено од интернационални и од домашни претставници, а годинава за најдобри се прогласени карикатурите на: Фернандо Пица од Колумбија (прво место), Кијанг Лио од Кина (второ место) и Хуан Габриел Бенавидес од Шпанија (трето место).

Фестивалот на хумор и сатира „IN VINICA VERITAS“ е поддржан од Министерството за култура, а изложбата во НУ Центар за кутура – Крива Паланка е дел од манифестацијата „Крива Паланка – град на културата 2024“.