Алтернатива Настани

Изложба на Славица Јанешлиева „Од градот“

Сподели:

 

Изложба “ОД ГРАДОТ” на Славица Јанешлиева, на ул. Атинска бр. 2, со почеток во 20 часот

Изложбата ќе биде поставена една вечер, во дел од приватна куќа кој на 15.11.2019 (петок) од 20 до 23 часот ќе постане јавен изложбен простор. Без намера за нарушување на постоечката постановка, во просторот кој не сведочи само за времето сегашно и присутните, ќе бидат изложени новосоздадени цртежи, колажи, фотографии и објекти инспирирани од забележани, најдени и сочувани мали работи од градските улици, на кои им придавам нови симболични значења. Ако генерализирам со изложбата тежнеам да говорам за почуствуваното и силно доживеаното, за минливоста и менливоста, за нетрајноста, но и за вечноста.

Славица Јанешлиева, родена во Скопје, 1973 година. Дипломирала на отсек графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, 1996. Магистрирала на истиот факултет (област графика), 1998. Докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, 2018. Професор е на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на Катедра по графика. Се занимава со цртеж, графика, фотографија, објекти и уметничка инсталација.

Изложбата е финансиски поддржана од Град Скопје.

Сподели: