Изложба “Некогаш и денес” на Ристо Соколов – Сокол во МКЦ

Сподели

 

Изложба “Некогаш и денес” на Ристо Соколов – Сокол, МКЦ, 16 октомври, Галерија 2, 20 часот
 
Циклусот ликовни дела на Ристо Соколов Сокол „Некогаш и денес“ содржи 30 дела, работени со природен материјал, во комбинирана техника и се иновативни и оригинални во техничка и материјална смисла, создавајќи ликовна уметност на начин како тоа го правеле старите мајстори, надоградувајќи го сето со сопствен оригинален и имагинативен набој, редок на македонската ликовна сцена. Своевидна тивка уметничка револуција невидена на овие простори.
 
Од 16 октомври „Некогаш и денес“ е достапна и за љубителiте на уметноста и во Скопје. Низ минатите години изложбата е поставена и исклучително посетена, освен во Кавадарци, меѓу другото и во Велес, Неготино, Демир Капија и др. И благодарејќи пред се на семејството на Ристо кое е носител на овие дела, но и на неформалната група уметници „Сокол Арт“, „Некогаш и денес“ уште долго и допрва ќе патува низ Македонија и подалеку, надминувајќи ги животните прилики и години на неговите современици, а се во интерес и чест на врвната ликовна уметност.
 
Изложбата трае до 31 октомври.