Изложба “Вршачка алтернативна сцена” во Музеј на град Скопје

Сподели:

На 12 септември, со почеток од 20 часот во Музеј на град Скопје (сала 2) ќе се отвори изложбата Вршачка алтернативна сцена на авторите Данило Милошев Восток и Злата Војниќ Кортмиш,
програма:
-Разговор со Данило Милошев Восток и Злата Војниќ Кортмиш
-Проекција на филмот По трагите на еден великан (јазик: српски, титлови: англиски, 31 мин 45 сек)
-VJ настап на Tehno Muda (35 мин)

Ќе бидат изложени и принтови на дела од припадниците на вршачката алтернативна сцена
“Kон крајот на 1984 година, во подрумот на една вршачка месна заедница, беше основан“K.E.C.” (Kulturno eksperimentalni centar) од група ентузијасти. Тоа беше едно опскурно место каде што маргиналци од сите видови и бои можеа да ги искажат сите свои креативни потенцијали без никаква рестрикција и ограничување па така може да се каже дека тука беше родена вршачката мултимедијална алтернативна сцена каква што ја знаеме денес.

Во хаотичните услови во деведесеттите години, наспроти катастрофалните услови, настана вистински процут на локалната сцена – креативната екипа на “K.E.C.” како да созреа и започна, за инает на неповолните околности, да создава вистинска креативна поплава на фанзини, стрипови, раскази, песни, филмови, спотови, музика, перформанси, радио емисии…

Дојде до поништување на генерацискиот јаз па така имавме уметници родени во распон од 1989 до 1924 година. Главна одлика на креативната пракса на оваа група творци беше неограничината и слободна креативност неоптеретена од теретот на формалното уметничко образование и трендовите во современата уметност и култура. Врв на делувањето на вршачката алтернативна сцена е објавувањето на колективно цртаната стрип книга “Robusto!!!” Во Америка и позитивна рецензија на истата во списанието “The Comical Journal”.
Wostok

Сподели: