Изложба „Житно класје“ на Владимир Младеноски

Сподели:

На 16 Јули во фоајето од Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи изложбата „Житно класје“ на Владимир Младеноски со почеток од 20 часот.

Владимир Младеноски е роден 14 октомври 1945 година во Подгорци-Струга. Учителска школа завршил во Охрид 1964година, Педагошка академија 1966-68 во Скопје во класата на проф. Вангел Коџоман.

Како студент во 1968 година престојува во Венеција -Италија со проф. В.Коџоман.
Член е на ДЛУМ, ДЛУБ ДЛПМ и СУЛУЈ.

Владимир Младеноски е сликар на обдарената и недофатна метафора на природата.
Од сликите на Владимир Младеноски, извира и импонира завидна рака на бои, теми и сликарски техники од кои се ослободува енергија на сликата и допира до сетивата на отворената светлина пред окото на чии видик се таквите слики.

Сподели: