Јанчев повикува на протест пред “Белата палата” за оставка на Мицкоски

Сподели

 

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев кој беше разрешен од сите партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ, претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на својата официјална фб страна повика на протест со цел оставка на лидерот, Христијан Мицкоски.

“Митко Јанчев, претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, повикува на мирен протест на 02.11.2020 година ( понеделник ) во 19 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ( Белата палата).
Протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицковски.”

 

 

Јанчев неколку пати повика на возобновување на старото членство на ВМРО-ДПМНЕ, кое по загубата на изборите беше побарано за оставка на Мицкоски.