Јанева: Според законските рокови, Груевски ќе оди во затвор за дваесетина дена (ВИДЕО)

Сподели

Катица Јанева во вечерашното издание на „Само Вистина“ рече дека според сите законски рокови, Груевски на издржување на затворската казна за пресудата за набавката на мерцедесот би требало да оди за дваесет дена.

Надлежностите на СЈО во делот на можноста за покренување обвиненија, Јанева рече дека очекува  повеќето ако не и сите покренати истраги со добри и квалитетни докази  да финишираат со јавно обвинителна одлука односно со покренување на обвинение.

Катица Јанева истакна дека воспоставиле надлежност и врз предметот “Маѓар Телеком“ и на 27.ноември има конкретно судење за овој случај кој се однесува на  проневера на милионски суми средства од поранешни високи функционери .

Јанева во „Само Вистина “ги елаборира и најново отворените  истраги за шесте случаи под кодните имиња “ Подарок“, “ Пропаганда“, „Дизајн“ “ Хармонија“ „Базни Станици“ и “ Пациент“ во кои постојат основи за сомнение за проневера на 80 милиони евра од Буџетот на Република Македонија. Во овие случаи покрај Груевски и Јанакиевски за прв пат има истраги за генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ  Игор Јанушев, екс министерот за финансии Ставревски, генералниот директор на МРТВ Марјан Цветковски и актуелниот вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи.